Ѓорѓи Спасов го чекал градоначалникот на Центар „како мајмун“

Екс министерот за правда и еден од авторите на програмата на СДСМ професорот Ѓорѓи Спасов е понижен и игнориран од градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ – Српче.



Во коментар на социјалните мрежи професорот Спасов вели дека како претставник на зграда во која од 123 стана 120 гласале за СДСМ прво три дена бил игнориран а потоа и оставен да чека „како мајмун“ пред општина Центар каде што Богдановиќ му закажал средба а потоа не се појавил ни тој ниту некој од општината.

Во коментарите под постот на Спасов блиски соработници на Богдановиќ се обидуваат да го оправдаат градоначалникот дека е презафатен и дека бил на службен пат но останатите коментари се во правец на критика на градоначалникот која ја продолжува познатиот начин на однесување на политичарите откако ќе бидат избрани на функција.

„Од средата до денес барав состанок во траење од 5 минути со градоначалникот на мојата општина Саша Богдановиќ- Српче. Му напишав во порака дека куќниот совет од заградата на ул. Васил Ѓоргов 20 во која има 123 стана од кои 120 гласаат за СДСМ ме овласти од него само да добијам информација за кровот на зградата кој прокиснува а не привилегија и помош. За жал до денес тој нема време. Денес ми рече дека ќе биде достапен по два, два и пол часот. И чекав како мајмун пред затвотената порта на општина Центар а неговиот телефон беше недостапен.
Браво.

Жал ми што станарите од мојот влез во зградата мислат а и јас им создадов лажна надеж дека од некои избрани функционери на СДСМ може да добиеме барем точна информација и ништо повеќе.
Следните 4 години ќе треба да се помириме со тоа што сме го избрале на локално ниво.
А од 2007. до денес напишав на илјада страници колумни против режимот на Груевски. Учествував во на 100 тв дебати, во кои ги застапував позициите на СДСМ, и имав чест да бидам дел од тимот што ја пишуваше програмата За живот во Македонија на СДСМ“, ја објаснува Спасов ситуацијата.