Приватни превозници: Приморани сме да живееме во импровизирани услови, ќе одиме до крај за наште пари

Приватните автобуски превозници веќе една недела продолжуваат со блокадите пред бараките на Град Скопје, а возачите веќе остануваат со последните прехранбени ресури за да можат да преживеат.



Пред камерата на Алфа се пожалија дека и дење и ноќе се приморани да седат тука, на улиците, потенцирајќи дека нема да си заминат додека не им се исплати заостантиот долг. Приватните превозници побараа и помош од премиерот Димитар Ковачевски, кој го гледаат како последна надеж за разврска на нивната судбина.