Полицијата која го истражува случајот за поткуп на Катар во скандалот кој го целосно го „раздрма„ Европскиот парламент, во домот на сега веќе екс-потпретседателката Ева Каили пронашла големо количество кеш, пишува белгискиот дневен весник L’Echo .
Во куќата на потпретседателката Европскиот парламент пронајдени се вреќи со готовина“, пишува на насловната страница на весникот, пренесува „Катимерини“.
Се додава дека и нејзиниот татко има куфер полн со пари. Наводно е во бегство бидејќи го предупредиле неговите соработници.
Извор близок до случајот изјави за новинарите дека истрагата е фокусирана на наводните обиди на Катар да го корумпира италијанскиот социјалист кој беше пратеник во Европскиот парламент од 2004 до 2019 година.
Каили останува а денеса белгиските обвинители ќе одлучат како да постапат по случајот.
Според медиумските информации потврдени за АФП, најмалку тројца од уапсените се Италијанци или со италијанско потекло: поранешниот социјалистички пратеник во Европскиот парламент Пјер-Антонио Панцери, генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) Лука Висентини и Франческо Џорџи, помошник на италијанскиот пратеник во Европскиот парламент од клубот социјалдемократи, кој е и партнер на Ева Каили.







