Навивачите на Франција и Мароко направија хаос во центарот на Париз по победите на нивните тимови во четвртфиналето на Светското првенство синоќа.
Мароко испиша нова страница во фудбалската историја откако ја победи Португалија со 1-0 и стана првата африканска и арапска селекција што успеала да се пласира во полуфиналето на Светското првенство.
Неколку часа подоцна, Франција ја победи Англија со 2-1 во тежок судир и ја продолжи одбраната на светската титула.
Фанови на двата тима ги преплавија улиците на Париз, но имаше и немили сцени. Меѓу илјадниците поддржувачи на двата тима, имаше и такви кои почнаа да кршат излози на Шанзелизе, при што полицијата мораше да употреби солзавец за да ја контролира ситуацијата.
Сликите од центарот на Париз покажаа неколку пожари. Полицијата со штитови за немири, исто така, беше забележана како се соочува со демонстрантите со огномет и ракети. Локалните медиуми објавија дека насислните навивачи фрлале разни предмети кон полицијата.
Во петокот француските власти објавија дека повеќе од 1.200 полицајци ќе бидат мобилизирани за да се справат со можните немири по немирите.
Среќните марокански навивачи излегоа на улиците на голем број други градови во различни делови на светот за да го прослават историскиот успех – Мадрид, Торино, Рабат, Казабланка, Доха, Валенсија, Хаг и други.






