Новинарот Фуркан Салиу кој го објави скандалозниот разговор со екс директорката на детската клиника Софијанова јавно признава дека му се гади кога Албанци наместо да се разберат со Македонците на јазикот што го зборуваат сите, се однесуваат нечовечки.
,,Буквално на моменти ми се гади од оваа општеството. Албанец кој што знае како е да бидеш дискриминиран се обраќа на келнер со зборовите: ПА НАУЧИ АЛБАНСКИ. А можеше многу лесно и кратко да се разбере на јазикот кој што го знаат и двајцата.
Е од ваков “патриотизам” патиме”, пишува Салиу кој често пати е обвинуван дека ги напаѓа Македонците а ги брани Албанците.
,,Е затоа ќе дебатираме за фа*инг етикети на производите а немаме со што да ги купиме тие производи”, коментира Салиу индиректно и за законот со кој сите приватни фирми треба да имаат двојазични (на македонски и на албански јазик) декларации за производите што ги продаваат.
Тој во пораката го користи емотиконот 🤮 што означува повраќање.
Буквално на моменти ми се гади од оваа општеството. Албанец кој што знае како е да бидеш дискриминиран се обраќа на келнер со зборовите: ПА НАУЧИ АЛБАНСКИ. А можеше многу лесно и кратко да се разбере на јазикот кој што го знаат и двајцата.
Е од ваков "патриотизам" патиме.— FurKlan (@FurkanSaliu) December 8, 2022






