Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ прекина да сообраќа на авионските линии од Скопје и Охрид до четири европски града – до Турку, Торино, Билунд и Фридрихсхафен. Македонија повеќе нема да има редовна авиолинија до Финска. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.
„Визер“ ја укинува и линијата од Охрид до Фридрихсхафен, лет што беше воведен минатиот декември.
Авиопревозникот ги укинува и летовите меѓу Шарлроа и Љубљана, Белград и Хан и меѓу Тузла и Ваксјо.





