Братoт на американскиот новинар Грант Вал кој почина додека известуваше од натпреварот Аргентина – Холандија во Ката, смета дека тој бил убиен.



Ерик, кој е хомосексуалец, низ солзи рече дека верува дека неговиот брат – кој беше приведен пред средбата на Соединетите држави против Велс затоа што носел маица со знаме со виножито – можеби е убиен.

Братот на Вал рече: „Јас сум причината поради која го носеше дресот со виножито на Светското првенство. Не верувам дека брат ми штотуку умре, верувам дека е убиен“.

Грант Вал беше почитуван спортски новинар кој беше познат по неговата посветеност да го подигне фудбалот во САД преку неговиот Substack, CBS Sports, NBC News и претходно работеше за Sports Illustrated.

Тој беше „здрав“ пред да колабира за време на натпреварот во петокот, вели братот Ерик во видеото на објавено на Инстаграм.

Неговиот агент, Тим Сканлан, изјави за Њујорк Тајмс дека Вал доживеал акутен стрес во последните минути од четвртфиналниот натпревар, за кој известувал од прес-салата.
Работниците на итната помош реагираа многу брзо, рекоа американски новинари кои работеле во негова близина, новинарите, на кои подоцна им беше кажано дека Грант починал.

Рафаел Корес, новинар на Univision кој седеше до Вал на натпреварот, напиша:
„Тој работеше на својата приказна на својот лаптоп, имаше околу 4 минути пред крајот на судиското продолжение. Тој се смееше на шега што ја видовме на Твитер само неколку минути претходно. Не ми се верува. Моето најдлабоко сочувство до семејството на Грант Вол.’

Грант Вал се жалел на времнските услови епизода од неговиот подкаст – Фудбал со Грант Вол – снимена во четвртокот.

„Моето тело конечно се распадна врз мене. Три недели малку сон, висок стрес и многу работа можат да ви го направат тоа. Она што беше настинка во последните 10 дена се претвори во нешто посериозно во ноќта на натпреварот САД-Холандија, и можев да почувствувам дека горниот дел од градите добива ново ниво на притисок и непријатност“.

Вал напишал дека тестот бил негативен за СОВИД-19 и побарал третман за неговите симптоми.

„Денеска отидов во медицинската клиника во главниот медиумски центар и ми рекоа дека веројатно имам бронхитис. Ми дадоа курс на антибиотици и сируп против кашлица, а само неколку часа подоцна веќе се чувствувам малку подобро.