„Киев позитивно гледа на можната улога на Ватикан во идните мировни преговори, но „тажната вистина е дека времето за посредување сè уште не е дојдено, а причината за тоа е претседателот Владимир Путин“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба за време на посета на делегација од Украинската амбасада во Светата столица.



„Ќе дојде време за посредување и ако Светата столица сака да учествува во неа, тоа ќе биде добредојдено“, додаде Кулеба, пренесува католичката агенција CNA.

Кулеба нагласи дека, сепак, улогата на Светата столица во идниот мировен состанок меѓу Украина и Русија не може да биде „неутрална“, а Киев не може да го прифати тоа.

„Не треба да заборавиме дека Русија е агресорот, а Украина е жртвата.

Не треба да не ставаат на исто ниво, бидејќи во спротивно тоа ќе испрати погрешна порака, како да е и Украина одговорна за војната“, рече Кулеба.