Неуспешниот антикорупционер и министер за земјоделие стана дистрибутер на јаболка за ученици

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој до пред една година беше вицепремиер за корупција и е еден од најзаслужните за корупцијата во Макеоднија, со цел да добие некој поен во јавноста стана дистрибутер на јаболка за ученици.



Николовски, најверојатно во отсуство на друга обврска што му прилега на министер за земјоделие денеска се сликаше со ученици на кои им дава јаболка.

Откако не успеа да најде пазари за производителите на јаболка и цената падна на историски најниско ниво Николовски почна да дава јаболка во училишта на учениците кои немаат учебници.

Николовски мисли дека хаосот што се случува во земјоделието може да го скрие со сликање и давање јаболки на деца.

Зошто Николовски постојано користи деца за своите пропагандни активности е крајно нејасно и збунувачки.

Пред десетина дена се сликаше со деца со кои садеше дрва. Притоа излажа дека за еден ден садел 100 илјади дрва.