Италијанскиот фудбалски репрезентативец Николо Барела толку се разочарал од поразот од Македонија со 1:0 во полуфиналето од мундијалскиот бараж во Палермо што не гледал ниту еден натпревар од Светското првенство во Катар.



„Сè уште не сум гледал натпревар, бидејќи сè уште не разбирам што чувствувам“, изјави фудбалерот на Интер за италијанскиот дневен спортски лист „Ла Газета дело спорт“. „Немам јасна претстава за тоа огромно разочарување. Овој пат резултатот беше неправеден. Овој пат ни беше редот нам, утре може да му се случи на некој друг. За мене, кој и да го освои Европското или Копа Америка треба секогаш да игра на Светското првенство“.