Новинар на ТВ24 која важи за умерен оровлсдин медиум со оценки за начинот на владеење на СДСМ и ДУИ кој нема да им се допадне на Бихачка и Мала Речица.
Сеад Ризвановиќ дава пример со Македонска пошта но ја анализира севкупната ситуација на владеење.
,,Живеам во Аеродром и на наша адреса веќе подолг период не доаѓа пошта.
Не доаѓаат пратки, не доаѓаат сметки, не доаѓаат судски известувања, ништо.
Објаснувањето од Пошта е нејасно, немале човек за тој реон, неофицијално штрајкувале, но не е ни битно.
Битно е дека системот веќе не функционира на ниедно ниво. Системот не е целосно распаднат но е во кома.
Не знам дали е влијание на пандемијата, на економската и енергетска криза или едноставно на неспособноста но состојбата е драматична”, пишува Ризвановиќ.






