Украинскиот министер за култура Олександар Ткаченко ги повика сојузниците на Киев да го „бојкотираат“ композиторот Пјотр Чајковски и делата на другите руски класици до крајот на војната во земјата, пишува „Гардијан“.
„Русија не само физички ја напаѓа Украина; исто така се обидува да ја уништи нашата култура и ум. На окупираните територии беа уништени украински библиотеки, избришан е зборот „Украина“, а уништени се и украинските музеи.
Нашето Министерство за култура и информативна политика има регистрирано над 800 случаи на уништување споменици и уметнички дела, музеи, вредни историски објекти“, рече министерот.
„Не зборуваме за откажување на Чајковски, туку за запирање на изведбите на неговите дела додека Русија не ја прекине својата крвава инвазија. Украинските културни центри веќе го направија тоа со него и со другите руски композитори. Ги повикуваме нашите сојузници да го сторат истото. Веќе многумина од театрите и културните места кои претходно одбиваа да изведуваат руска музика или да соработуваат со провоени руски уметници, оттогаш ги обновија врските. А украинската култура има многу да понуди.
„Претставниците на украинската култура денес сметаат дека е нивна мисија да го надминат насилството и уништувањето предизвикано од Русија. Отфрлањето на претставниците на руската култура кои го поддржуваат нејзиниот тоталитарниот режим и спречувањето концерти на руски уметници кои отворено ја поддржуваат нејзината агресивна војна се намерни чекори кои зрело демократско општество мора да преземе.
Заедно со политичките и економските санкции, тие ќе бидат неопходни доколку сакаме да го поразиме рускиот тоталитарен проект“, го заклучува својот апел Ткаченко.






