Пендаровски ќе размислел за уште еден претседателски мандат

Претседателот Стево Пендаровски не ја исклучува можноста во 2024 година да се обиде да биде реизбран.



„Јас сум првиот политичар етнички Македонец кој за својата прва кампања имал слогани на албански јазик. Ако се решам да одам повторно, на втор мандат, ќе морам да смислам нешто сосем ново. Ако граѓаните се задоволни од мојот мандат, здравје Боже до таа 2024 година, и, се разбира, ако добијам политичка поддршка од коалицијата што ме поддржуваше во претходните два обида, ќе размислам на таа тема“, изјави тој во интервју за телевизијата Алсат-М.