Ина Многуфина до ДКСК: Не ви е срам да објавите дека немате ниту еден процесиран предмет?

Борецот против насилство врз жени и инфлуенсерката позната како Ина Многуфина е вџашена од признанието на член на Антикорупциската комисија кој открива дека цели 48 месеци обвинителството не почнало ниту една истрага по претставка од ДКСК.



Мистериозната Ина Многуфина чиј идентитет не е јавно познат за многу луѓе, се чуди зошто антикорупционерите земаат плата а немаат никаков резултат.

,,Член на антикорупциска вика дека за овие 4 години не е процесуиран ниеден нивни предмет за корупција, непотизам и конфликт на интереси. Па не знам за што ве плаќаме 4 години, да спремите документи и да дигате рамења дека ете други се криви, ние еве све изработивме? Ако не сте способни да се изборите со сите алатки против корупција, што ви е основна дејност, не ви е срам плата шо зимате? Имате медиуми, имате новинари, имате секаква поддршка од народ за борба против корупција. Нз како не ви е срам да објавите дека не ви е процесуиран ниеден предмет 4 години”, пишува Ина Многуфина.

ДКСК, претседателката Билјана Ивановска и членовите на комисијата досега не направиле ниту еден сериозен јавен притисок врз правосудството за процесирање на нивните предмети но затоа весели и среќни се сликаа со државниот врв на неодамнешната прослава на комисијата.

Постот на Ина Многуфина на овој ЛИНК

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0339n7sHse5ZRiB2bfQhbVTdsc373rHY2ch5bYjWD5ocMGVmvYHdZf7X41TcVgiNMnl&id=100002499918282&mibextid=Nif5oz

Причината за реакцијата

Салаи: За 4 години 58 иницијативи на Антикорупција за кривична одговорност против поединци – без судски епилог