Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека ќе поддржи иницијативата за подигање спомен плоча на Гоце Делчев во селото Баница во денешна Грција по повод 120-годишнината од неговото убиство, што ќе се случи во 2023 година, јави БГНЕС.



Според Радев, двете земји ги оставиле настрана сите противречности од минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање, рече и шефот на бугарската држава.

„Не гледам проблем, Грција – која е суверена држава, и се грижи за спомениците на нејзината територија – да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле“, одговори Радев на новинарско прашање.

Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, одговарајќи на исто прашење рече дека „доколку има барање за поставување спомен плоча на Гоце Делчев во серското село Баница, надлежните органи ќе го разгледаат“.