Одземање на ингеренциите за јавниот градски превоз, подмирување на долгот кон приватниците и оставка на “Тачела” #Арсовска е единствен спас за #Скопје!
Ова како решение за кризата во главниот град го предлага портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Тој аргументира дека Данела Арсовска која поради контактите со премиерот Ковачевски го доби прекарот Тачела, е извор на сиот хаос во Скопје и не може да биде дел од решението.
,,Ниедна провизија не е над Скопје.
Скопје не може да издржи уште еден неспособен и криминоген градоначалник”, пишува Стоилковски користејќи ги хаштазите
#Тачела #Даче #тазиавтобус.
Последниот хаштаг најверојатно се однесува на информациите дека градот Скопје планира да ангажира бугарски автопревозници како замена за скопските приватни автобусчии.






