Професорката Мирјана Најчевска вели дека „малку е чудно“ што власта повикува некого некого од надвор да се справи со деформациите – корупцијата и криминалот – во државатаво врска со доаѓањето на тимот за санкции од Вашингтон кој, според министерот Османи било на барање на македонската страна.
Најчевска вели дека ова „некако личи на замајување на граѓаните со цел создавање услови да се направи уште една политичка отстапка на наводниот пат кон ЕУ, а и да се прогледа низ прсти на етно-базираните апсурди“.
Во претходна објава на иста тема, професорката прашува:
Како тоа САД ќе ја водат нашата битка?
Како тоа имаме функционална демократија и професионални институции (според претставници на Владата) а некој од надвор треба да се справи со криминалот?
Како тоа Маричиќ се шета наоколу и си прави тимови од илјада луѓе кои ги плаќаат граѓаните на Македонија, а некој друг треба да ја напише домашната работа.
И да ве прашам, онака сериозно, до кога ќе ги бирате истите копуци кои веќе 100 пати ве излажале во очи и ќе очекувате поинаков резултат?
И ве молам, дајте не се залажувај те, со ДУИ во било која власт не се може напред.
Со актуелните судии и јавни обвинители не се може напред.
Со актуелниот состав на Изборната комисија, на Антикорупциската комисија, на Народниот правобранител и на уставните судии не се може напред.
Потребна е експертска Влада која ќе стави црта и ќе ги дефинира правилата на игра на начин кој не остава простор за нивно растегнување, свиткување и заобиколување.
Ајде да покажеме барем минимална зрелост и да го направиме тој чекор.
Пред да дојде некој од надвор да не построи.
Срамота е после 78 години државност ова да ни се случува“ пишува Најчевска на Фејсбук






