Mакедонија тоне во инфлација, трошоците за живот пораснаа за 20 проценти

Инфлацијата не попушта. Државна статистика измери дека трошоците на живот пораснале за 19,5 отсто за една година. Најголемо поскапување има кај храната од речиси 30 отсто. Комуналиите поскапеле за 20 отсо, а угостителските услуги за 21.3%.



Во однос на минатата година според ДЗС, забележано е огромно поскапување кај прехранбените произвоти. Лебот и житните производи поскапеле за 42.5 отсто, месото за речиси 30 проценти, млекото сирењето и јајцата за скоро 40 отсто , а маслото исто така за 40 отсто.

Иако Владата очекуваше значителен пад на цените на производите откако ја ограничи маржата, сликата на терен, судејќи според ставовите на граѓаните е поинаква . Велат, има многу мали незначителни намалувања, а на одредени места дури и воопшто цените не се променети, намалувањата биле само добар пиар за пред јавност.

Дека живеачката е се поскапа потврдуваат и пресметките на синдикатите. Во Ноември за едно просечно четиричлено семејство да ги задоволи основните потреби требаат 51.714 денари. Според синдикалната кошничка, само за храна во Македонија се трошат 19.518 денари.