Костас Караманлис: Бутарис нeодговорен зoшто рече „Македонија“

„Жалам што ќе кажам, но има одредени лица кои не ja покажуваат потребната одговорност. Не може Бутарис да излезе среде преговори за името на Скопје и да го нарекува ’Македонија’. Дали тоа го направи паметен?“, праша Костас Караманлис, пратеник на Нова демократија, според кој Јанис Бутарис покажал неодговорност.



„Би било добро секој градоначалник да се справува со сопствената куќа, а не со надворешно-политички прашања“, заклучи Костас Караманлис.

Неодамнешната изјава на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој при посетата на Скопје ја нарече земјата домаќин „Македонија“, речиси секојдневно е цел на критики.