Алармантни наслови за состојбата на германската војска се појавија во германските медиуми во последниве денови, што укажува на тоа дека Бундесверот има доволно муниција само за два дена интензивни борби – бројка што очигледно ја открија неименувани извори во одбранбените кругови , јавува Дојче веле.
По рускиот напад врз Украина, германските лидери ветија дека ќе го зајакнат Бундесверот, со инвестирање дополнителни 100 милијарди евра во опрема и преземање водечка улога на меѓународно ниво. Но, досега се чини дека малку се случило.
Под насловот „Дали војската на Германија е неподготвена за акција“, ДВ констатира дека „доколку ова е точно (а таквите информации не можат да се потврдат, бидејќи се работи за државна тајна), резервите на германска муниција се далеку под стандардите што ги очекува НАТО, според кој секоја членка треба да има муниција од 30 дена.
Само за да го надомести тој недостаток, експертите за одбрана велат дека Германија треба да инвестира 20-30 милијарди евра (21-31 милијарди долари).
Девет месеци по најавите на канцеларот Олаф Шолц дека ќе одвои 100 милијарди евра за модерна војска, Германците се прашуваат каде се планираните пари.
Партнерите на НАТО во североисточна Европа се загрижени дека Германија нема да биде воен партнер на кој ќе се потпрат. На конференција во Берлин кон крајот на октомври, летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс провокативно ги праша своите европски колеги:
„Ние сме подготвени да умреме, а вие? а обраќајќи им се конкретно на Германците, додаде:
„Многу ќе зависи од воената моќ на вашата земја и, извинете но, вашата воена моќ моментално ја нема“.







