Вооружена група рано утрово го нападнала трговскиот центар „Поинт ретаил парк“, во скопската населба Топанско Поле во кој настрадаа – банкомати.
„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект“, соопштија од МВР.
Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.







