Лукаревска се отвори, вториот човек во СДСМ удри по владата на Ковачевски и Груби (ВИДЕО)

Потпретседателката на СДС, Сања Лукаревска си ја отвори душата и во интервју призна дека неспособни и неодговорни кадри на СДС и ДУИ ја водат власта, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто во кое вториот човек во СДСМ открива низа состојби во партијата на власт.



,,Таа потврди дека институциите не постапуваат по своите овластувања и тоа е причината поради која Македонија тоне во беззаконие.

Лукаревска призна дека сивата економија во Македонија е поголема од сивата економија во Албанија и Косово.

Лукаревска потврди дека прогресивното оданочување власта на Ковачевски го терале на сила и со грешки, па дури и самата таа била изненадена од прес со кој се најавува прогресивен данок.

Лукаревска потврди дека опозицијата дава предлози и решенија кои се применливи и можат да дадат резултат во време на криза”, се вели во соопштението.

Што точно кажува Лукаревски во интервјуто на Телма.

Кратка верзија

https://fb.watch/hg5awgaKpP/

Цело интервју со Лукаровска

https://fb.watch/hg5nlxWmG_/