Време е за К-15, проверете ги сметките

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж и популарниот К-15 оваа година К-15 треба да биде 12.740 денари и мора да се исплати до крајот на месецов.



Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.

Од оваа година К-15 им се следува и на државните службеници.

Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.

За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.