Инфлуенсерката позната како Ина Многуфина предлага најновиот скандал со возилата во Агенцијата за национална безбедност кои некој директор им ги регистрирал на вработени агенти без да им кажат, да се искористи за добивање на првиот Оскар за Македонија.
Филмот би бил од жанрот комедија каква што според достапните податоци ни е и тајната служба.
,,Ако останаа пари во Агенција за филм имам предлог сценарио за Оскар. Го молиме Гај Ричи да режира и вака иде, прва сцена ставаме “Според вистинска приказна” со весел фонт, сепак е комедија.
Во една земја #МакедонијаВечна навидум средена, стига писмо до една жена. Во писмото пишува “да си дојдеш жено да платиш пари за сообраќајката или ќе ти ја блокнеме сметката”.
Женава нит знае да вози нит има кола оди у осигурителна да им каже “грешка дечки ова” кога таму дознава дека она има кола и некој и ја возел и оставил нејзини податоци на записник.
Оваа во шок и неверување (побрза музика тука) сфаќа дека таму кај шо работи службени коли ставале на име на вработени и некој ги возел. И она не работела во “Два браќа и јаболко ДООЕЛ” туку да е заплетот појак работела во АНБ да речеме. И музика све весело, ќе го стегнеме, ќе лапаме Оскар и јас ќе одам да го зеам во црвен фустан со гол грб. Еве ако не ми верувате видете дека е стварно”, пишува Ина Многуфина која објавува линк до вистинската случка во АНБ.
Нов скандал ја тресе АНБ, злоупотребувани возила на агенцијата






