Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека Австрија се противи на пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната.



Тој оваа изјава ја даде за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана.

Бугарија не се откажува од Шенген: Холандија и Австрија имаат двојни стандарди

„Министерот за внатрешни работи јасно стави до знаење. Нема одобрение од Австрија за проширувањето со Бугарија и Романија. Потребно е повеќе време.

Имаме 75.000 нерегистрирани илегални имигранти во Австрија. Тоа значи дека ја поминале надворешната граница на Европската Унијата и заврши во земја без море како Австрија. Прво треба да одговориме на овие безбедносни прашања“, рече Нехамер.

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави во Тирана дека Романија ќе преговара до последен момент, информира Romania Journal.

Одлуката за проширување на Шенген зоната ќе биде донесена на состанокот на Советот на министри за правда и внатрешни работи на ЕУ во четврток и петок. БГНЕС