Меѓународен пливачки натпревар Аква Про – Дедо Мраз

Викендов во СЦ Борис Трајковски се одржа еден од најмасовните меѓународни пливачки манифестации во државата. По 2 годишна пауза поради Ковид пандемијата на базенот во Карпош се одржа Дедо Мраз – Талент Куп во организација на пливачката академија Аква Про. На настанот учествуваа 402 пливачи, 29 пливачки клубови од Србија, Косово и Македонија. Најуспешни пливачи во Апсолутна Категорија и пливачи од 14-17 год беа, Павле Стојчески од ПК Аква Про – Скопје со освоени 6 златни и 4 сребрени медали и Хана Беиќи од ПК Отрила Приштина со 8 златни и 1 сребрен и 1 бронзен медал, во категорија 12-13 год Сара Атанасовска од ПК Нептун, Скопје со 5 златни и 1 сребрена медала и Давид Јовановски ПК Орион – Скопје 4 златни, 1 сребрена и 2 бронзени.

На натпреварот се соборија и 5 државни рекорди :
1. Ева Петровска од Аква Про во дисциплината 200 м слободно исплива 2:03.62 нов апсолутен рекорд
2. Андреј Стојановски од Нептун во дисциплината 100 м грбно исплива 57.49 нов апсолутен рекорд
3. Јован Јанковски од Орион во дисциплината 100 м мешано 1:00.05 нов младински рекорд
4. Теодор Тримчевски од Пилот Свим собори 2 рекорди во дисциплините 100 (1:09.80) и 200 (2:32.13) градно во кадетска категорија





– Ние како организатори сме презадоволни како се одвиваше овој настан, особено ни е драго тоа што нашите пливачи постигнаа одлични резултати и рекорди и Иван Симоновски нашиот пливачки АС успеа после поголема пауза поради повреда и операција повторно да се врати во натпреварувачка фаза. Упатуваме неизмерна блаодарност на нашите поддржувачи и ветуваме во 2023 овој настан да го направиме уште поголем и поспектакуларен – велат организаторите од Аква Про.