Kosovo Data: ЕУ бара Македонија да воведе визи за Косово и Турција

Информативниот сервис Kos_Data објавува дека Европската унија бара од Македонија и Црна Гора да воведе визи за граѓаните на Косово врз основа на усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика.



Покрај Косово според Косово Дата двете земји треба да воведат визи и за Турција.

Сервисот се повикува на извори во Косовската дипломатија од Брисел.

,, ЕУ ги повикува 🇲🇰 Македонија и 🇲🇪 Црна Гора да ја усогласат својата надворешна политика со ЕУ и да воведат визен режим за граѓаните на Косово и Турција, меѓу другите”, објавува косовскиот информативен сервис кој не важи за несериозен извор на информации.