NYT: Дури и под санкции, Русија произведува проектили

Некои од крстаречките ракети што Русија ги истрела кон цивилната инфраструктура на Украина кон крајот на ноември беа произведени неколку месеци откако Западот воведе санкции со цел да ја лиши Москва од компонентите потребни за производство на тоа оружје, објави Њујорк Тајмс (NYT).



Тоа е заклучокот на експертите од Conflict Armament Research, независна група со седиште во Велика Британија која го идентификува и следи оружјето и муницијата што се користат во војна.
Непосредно пред рускиот ракетен напад во ноември, мала група експерти пристигна во Киев на покана на украинските власти, пишува Њујорк Тајмс.

Според еден од експертите во Conflict Armament Research, фактот што Русија продолжува да произведува напредни наведувани проектили, како што е X-101, укажува дека Москва нашла начини да добие полупроводници и друга опрема и покрај санкциите, или дека имала значителен залихи на компоненти пред почетокот на војната.