Екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски учествува на НАТО конференцијата во Вашингтон каде има средби и учествува во дебата за актуелните безбедносни предизвици во Европа и Украина, како и за состојбите во Македонија и соседните земји.
,,🇲🇰🇺🇲 Еден од соговорниците кој располага со битни информации за овие прашања е Ендрју Винтерниц, директор за Европа и потсекретар во министерството за одбрана на САД”, објави Милошоски утрово.
Во времето кога Милошоски беше шеф на дипломатијата во Мај 2008 година во Вашингтон беше потпишан Договорот за стратешко пријателство со САД.






