Возачите во Австрија кои се прогласени за виновни за пребрзо возење ќе се соочат со одземање на нивниот автомобил кој подоцна ќе биде продаден на аукција, соопшти владата вчера, а ова е обид да ги елиминира „момчињата тркачи“, пренесува Ројтерс.
Планираната промена на законот, објавена од владејачката коалиција на конзервативци и Зелените, има за цел да ги заостри правилата на Австрија за да ги доближи до оние во другите земји како соседна Германија и Швајцарија.
Локалните власти велат дека се обидуваат да спречат нелегални улични трки и други инциденти со брзо возење кои предизвикуваат смртни случаи, понекогаш со невини случајни минувачи.
Секој што ќе биде фатен вози со 60 км/ч над дозволената брзина во градовите, каде што ограничувањето е обично до 50 км/ч или 70 км/ч и над границата на друго место, каде што ограничувањето е до 130 км/ч автомобилот ќе му биде привремено задржан до две недели.
Ако го повторат делото нивниот автомобил ќе биде трајно одземен и ставен на аукција, рече Гевеслер. .
„Кој веќе нема автомобил, не може повеќе да вози со преголема брзина. Токму затоа оваа мерка е толку успешна во другите земји“, вели министерот за транспорт Леонор Гевеслер, додавајќи дека иако мерките ќе бидат строги, тие се неопходни.






