Приватните автобуси и Скопје не се бавча на градоначалничката Данела Арсовска за таа да ја работи како сака, туку мора да покаже сериозност и конечно со решение да излезе пед јавноста. Првиот човек на „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски кој ги застапува приватниците, рече дека ако не бидат повикани на разговор во Градот, превозниците ќе преноќат на улица.
Јовановски потврди дека блокадата им е единствен начин јавноста да го чуе нивниот проблем и да ги демантираат лагите кои ги кажува Арсовска. Превозниците ги замолија граѓаните да им се лутат, зашто од Арсовска, која ја нарекоа деспот, загрозени им биле се човековите права. Блокадите ќе се прошират и на други крстосници, ако остане игноратскиот однос од Град Скопје.
За новиот оглас за вклучување приватни превозници во јавниот транспорт, кој го најавува градоначалничката, велат, не може да се спроведе и дека неговото распишување ќе биде спротивно на законот.
Инаку, автобусите кои се 200 на број, утрово од шест часот ги паркираа возилата на сред улица кај ТЦ „Мавровка“, пред Црвениот крст, и на Илинденска кај Градски парк. Заклучно со месец октомври, долгот надмина 1,5 милиони евра.





