Вучиќ сепак ќе оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Иако смета дека дека не е сигурен дека ќе има некаква корист од неговото заминување во Тирана, српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска потврди дека ќе присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан што утре треба да се одржи во Тирана.



Србија нема да оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Рама го чека Вучиќ во Тирана: Катастрофа е ако не дојде

„„Разговарав со Ана (Брнабиќ), со другарите, немам проблем, не е работа на моја суета. Десет и пол години се трудам секогаш да се грижам за се’, понекогаш едноставно те преоптоварува емоции, кога веќе не знаеш што да правиш, кога некој со месеци произведува кризи“, изјави Вучиќ за одењето во Тирана.

Можеби би покажал дека мојата суета е посилна и поголема, но секако дека би била голема штета за земјата, во поглед на привлекување инвестиции и се останато.

На овој начин, без разлика што темата е Западен Балкан и што 20 од нив на неадекватен начин ќе почнат да зборуваат за санкции кон Русија и за проблемот со Косово, можеби моите колеги се во право кога велат дека е подобро да се слушне барем еден одговор отколку да не се слушне ништо“, рече Вучиќ.

Вучиќ пред неколку дена изјави дека никој од Србија нема да присуствува на состанокот поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во Косово и поради реакцијата на ЕУ на таа одлука, која Белград ја оцени како блага.