Бугарија не се откажува од Шенген, Холандија и Австрија имаат „двојни стандарди“

Бугарија ги исполнува сите критериуми за членство во Шенген и не се откажува од барањето поддршка од Холандија и Австрија изјави вршителот на должност бугарски премиер, Галаб Донев.
Донев вели дека имало три инспекции во Бугарија во кои не учествувала холандска страна.



„За жал, холандската страна не учествуваше во овие инспекции, изразените резерви на премиерот на Холандија се побиени со заклучокот на ЕК и се во спротивност со мислењето на сите земји членки и мислењето на ЕП и ЕК дека сме ги исполниле 6-те главни критериуми“, објасни тој.

„Повеќе од очигледно е дека позициите на Австрија и Холандија се диктирани повеќе од внатрешно-политички размислувања отколку од примената на шенгенските правила во Бугарија“, смета кабинетот на Донев.

Петков: Борисов е причина што бугарија не влегува во Шенген

Според бугарските власти, оваа одлука носи поделеност во ЕУ, го доведува во прашање единството на унијата и предизвикува сомнеж за наметнување двојни стандарди, особено од страна на премиерот на Холандија.

За ЕУ, за Холандија, за Австрија и Бугарија, отфрлањето на нашето членство во Шенген е грешка, „поради заштитата на надворешните граници“ смета в.д. премиерот.

Дописничката на МИА од Софија јавува дека Софија може да се одмазди е околу изборот на шеф на агенцијата за гранична контрола на ЕУ, Фронтекс – место за кое еден од водечките кандидати е холандскиот генерал Ханс Лајтенс.

На 8-9 декември се очекува конечна одлука, дали Бугарија ќе биде примена во Шенген-зоната, заедно со Романија и Хрватска.