Девет месеци во брутална борба за национален опстанок против руските напаѓачи, Володимир Зеленски изгледа уморно, со темни кругови под очите. Она што тој би сакал да го прави наместо да се соочи со безмилосен напаѓач е да лови риба со својот син. „Само сакам да фатам крап во реката Днепро“, вели украинскиот претседател кој е прогласен за личност на годината од Фајненшнел Тајмс
„Многу Украинци пред инвазијата во февруари го сметаа за кловн и аматер, неспособен да го прифати предизвикот на високите функции, но Зеленски (44) успеа да го заземе заслуженото место во историјата благодарение на неговото неверојатно лидерство и издржливост“, пишува ФТ.
Украина го изненади целиот свет со одбивањето на нападот врз Киев и спроведувањето контраофанзива во Донбас, забележува весникот. Таа врати половина од територијата заземена од руските војници, а сега, со почетокот на зимата, украинската војска се движи кон југ и исток за да ја ослободи целата окупирана територија, вклучувајќи ги Донбас и Крим“, пишува Фајненшнел тајмс.
„Исто како што Винстон Черчил зборуваше на радио за да ја обедини својата земја за време на Блиц-кригот, Зеленски ги користеше социјалните мрежи за немилосрдно да бара воена и финансиска поддршка од Западот, претворајќи ја маката на својот народ во морална потпора против лидерите на Европа и на Соединетите држави. .
„Зеленски, исто така, стана персонификација на храброста и издржливоста на украинскиот народ во нивната борба против руската агресија. Токму поради овие причини „Фајненшл тајмс“ го призна Зеленски за личност на годината“, заклучува изданието.






