Попов: Бугарските политичари ја подгреваат негативната позиција на Холандија кон Бугарија

Поради негативната позиција на Холандија во врска со приемот на Бугарија во Шенген, дипломатски напори на Софија треба да бидат насочени кон подобрување на односите со оваа земја, вели во интервју за БГНЕС проф. Здравко Попов.



Холандија ја блокира Бугарија за Шенген, но ги пропушта Романија и Хрватска

„Постои цврст став на холандските влади кон нашата земја уште од времето на нашето членство во ЕУ. Секогаш имаа некои размислувања и аргументи кои беа поврзани со доцнењето на нашите интегративни процеси. Како фактори ги посочуваат проблемите со корупцијата, кршењето на човековите права и други такви негативни инструменти. Односно, постои априори однос кон нас.

Од друга страна, пак, ја поддржуваме оваа постојана позиција на Холандија со реториката на нашите политичари за какви било настани што се случуваат на наша територија“, рече понатаму тој.

„…Треба да преземеме чекори и во согласност со конвенционалната дипломатија и треба да развиеме значителен дипломатски потенцијал со холандското население“, вели аналитичарот.

Тој прецизираше дека има потреба од многу активна дипломатија и во однос на Холандија и кон Австрија и кон другите земји со негативен однос кон Бугарија, односно треба да се издвои позначителен капацитет за работа со овие точки во Европа.