Регионалната влада на Канарските Острови, каде просечната зимска температура не паѓа под 20 Целзиусови, во септември започна кампања на социјалните мрежи за да привлече работници и пензионери од земји како Велика Британија, Германија и Шведска, пренесува Индекс.



„Не е тајна дека ова ќе биде зима на голема економска несигурност во Европа, но сакаме да ја свртиме ситуацијата во полза на Канарските острови“, рече регионалниот министер за туризам Јаиза Кастиља, опишувајќи ги како „економско засолниште“.

И другите јужноевропски земји гледаат потенцијал: Во септември, грчкиот министер за туризам ги посети Австрија и северноевропските земји, како што е Шведска, со цел „да ја претвори оваа голема енергетска криза која ја убива Европа во можност“.

Кампањата ја покрена и португалската туристичка асоцијација, а нејзиниот лидер Луис Араухо рече дека очекувањата за пристигнување на зимски туристи од Северна Европа се „многу позитивни“. Податоците за туризмот го поткрепуваат неговиот оптимизам.

Извршниот директор на шпанскиот ланец на хотели Мелиа Габриел Ескарер рече дека луѓето резервирале апартмани за два или три месеци на Канарските острови оваа зима, со забележително присуство на скандинавски посетители.

Сепак, за повеќето северни Европејци да патуваат на југ е само сон бидејќи зголемените трошоци за живот значи дека не можат да си го дозволат луксузот на патување.

Наместо тоа, повеќето складираат стоки за да се загреат, како што се јоргани, „бавни шпорети“ и електрични ќебиња, покажуваат бројките на малопродажбата во Велика Британија.

Од друга страна, некои решија дефинитивно да се справат со овој проблем и – за стално се иселија.