Ккао што беше најевено денеска во 06 часот утрово почна блокадата на скопските сообраќајнци во Скопје.
Поради протесатот на приватните превозници посебен режим на сообраќај на булеварот денеска ќе има на булеватот “Илинден” кон крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски и крстосницата со булевар “8ми септември и улица “11 октомври”
Блокирана ќе биде и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Мавровка).
Од МВР стигна апел до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полицајците.
Кемал Муриќ од приватниот превозник „Слобода превоз” вели дека нема да се тргнат блокадите додека нема напредок за излез од состојбата.
„Како што најавивме денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните“, рече Муриќ.
Приватните превозници бараат Град Скопје да им исплати долг од 1,5 милиони евра, и средба со градоначалничката Данела Арсов ска.
Од Градот, пак, намерстои тоа најавија дека ги раскинаа договорите со компаниите „Макекспрес“ „Слобода превоз“ и гио повикаа превозниците секој посебно да потпише нов договор доколкку сака и понатаму да учествува во градскиот превоз.
Првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, вчера во гостување на „Сител“ рече дека можно е протестите во наредните денови да се радикализираат.






