Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска апелираше уставните измени што поскоро да се најдат во Собранието, а по Нова Година и формално да се пристапи кон менување на Уставот.
Апелирам за државен консензус по однос на европските прашања и за постигнување договор меѓу сите политички партии дека за европските прашања.
Промената на уставот за внесување на Бугарите до ноември следната година мора да случи, вели Османи, во спротивно европската иднина на Македонија ќе биде загрозена. Според него регулативите и директивите за влез во ЕУ се фиксни и мора да ги прифати кој и да е на власт во земјава.
Тој на денешниот брифинг со новинарите рече дека регулативите и директивите на ЕУ мора да ги прифати кој и да е на власт.
„Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со Европската Унија. Фиксни се регулативите и директивите. Вие мора да ги прифатите такви какви што се за да станете членка. Без разлика дали е СДСМ на власт или ДУИ или ВМРО, никој нема можност нешто да смени во делот на преговорите со Европската Унија. Единствено што може да смени е во динамиката на испорачување и во прифаќање“, потенцираше Османи.






