Полски хостел забрани влез за Евреи, комунисти, крадци и предавници

Хостел во југозападниот дел на Полска предизвика внимание поради големиот банер кој, наводно, стои со месеци на влезот, и на кој пишува дека влезот е „забранет за Евреи, комунисти, крадци и предавници“.



Хостелот се наоѓа во малиот град Чезаровица, а фотографиите на банерот прво се проширија на Твитер, а многумина го нарекоа „дом на нацистите“.

Иако наводно, со месеци стои на влезот во дворот на хостелот, локалните власти ништо не направиле во врска со ова, бидејќи тоа било „приватна сопственост“.

Сопственикот, наводно, е Пјотр Рибак, кој моментално отслужува затворска казна токму поради расистички инцидент.

Како што пишува „Раша тудеј“, во ноември 2015 година во Вроцлав, Рибак запалил слика на Евреин, а потоа се бранел дека „запалил слика на Џорџ Сорос”.