Стотици Албанци синоќа ги блокираа улиците во Куманово славејќи ја победата на Швајцарија над Србија на Светското првенство во Катара.
Победата беше прославена со црвено-црни знамиња. На теренот имаше и полиција. Во швајцарскиот дрес настапуваат двајца фудбалери со албанско потекло – Гранит Џака и Шќедран Шаќири, од кои вториот го постигна првиот гол на средбата.
Средбата заврши со резултат 3-2. Швајцарија продолжи во осмина-финалето на СП, додека Србија беше елиминирана.





