Европската комисија презентираше предлог кршењето на санкциите на Европската унија да се вметне во списокот на „европски злосторства“.
Според Комисијата, главниот мотив за давање таков предлог се руските олигарси, чиј имот е тешко да се открие, бидејќи успеваат „да ги скријат во различни јурисдикции преку сложени правни и финансиски структури“.
Како кривични дела ЌЕ СЕ СМЕТА создавање фондови за финансирање на физичко или правно лице против кое се изречени санкции, незамрзнување на овие средства, прием на санкционираните во земја членка на ЕУ итн.
Во зависност од прекршокот, лицето кое ќе биде прогласено за виновно за непочитување и може да биде осудено на „затвор“ најмалку пет години, а компаниите може да бидат казнети со парична казна не помалку од 5% од нивниот вкупен промет низ светот во деловната година што претходи на одлуката за казната.
Предлогот е предмет на одобрување од страна на Советот на ЕУ и Европскиот парламент.






