Сите дојави за поставени бомби во училиштата се лажни, а денеска е известено и за закана во основното училиште во Петровец, иако пријавата е всушност од вчера, но вчера директорката на училиштето не го отворила службениот мејл, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој рече и дека затоа проверувале во повеќе училишта кои го имаат името „Кочо Рацин“, како тоа во Петровец. Во МВР е утврдено дека немало случај на брзо „ауди“ со вклучени флеш-светла кое го возел син на владин функционер, туку приватен „мерцедес“. Кој бил возачот, ќе се утврдува.
– Додека го очекуваме вештачењето за заканите со поставени бомби кои е потребно за натамошно постапување, вчера се појавија нови пријави за бомби, но по проверките е утврдено дека сите се лажни. Заканите се дел од сајбер напади и најчесто се работи за лажни пријави. Но според протоколот, мора најсоодветно да се реагира и кога реално нема проценка за таква потреба – рече Спасовски и додаде дека по такви пријави – закани по електронски пат, протоколот налага најсеопфатна реакција и тогаш кога не постои проценка за реална закана.
Министерот нагласи дека МВР е во комуникација со партнерски земји и со Интерпол и дека и во други земји има вакви закани, кои тешко се откриваат поради лажни адреси. Прашањето е и дали, како што рече, заканите доаѓаат од еден или од повеќе центри, но оцени дека се зачестени низ светот по избувнувањето на војната во Украина.
На прашањето за пријава за поставена бомба во училиштето во Петровец, Спасовски рече дека всушност станува збор за вчерашна закана за која денеска се говори, затоа што, како што додаде, вчера директорката не го отворила мејлот на училиштето, па и не се знаело за заканата.
– Мора да се размислува за сериозно обезбедување на училиштата. Имаме во Скопје едно средно училиште со сериозно обезбедување, каде досега немаме пријава за бомба. Ќе мора да се размислува сериозно за обезбедување на училишта, во Скопје само едно има такво обезбедување и таму немаше закани – нагласи Спас





