Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден положи заклетва и доби руски пасош, соопшти неговиот адвокат Анатолиј Кучерена за медиуми.
Адвокатот исто така рече дека сопругата на Сноуден исто така моментално ги поднесува потребните документи за руско државјанство.
Сноуден и неговата избраничка Линдзи Милс се венчаа во Москва во 2017 година.
Американскиот пасош на Сноуден беше одземен во 2013 година со објаснување дека тоа е рутинска правна процедура по издавањето налог за апсење и дека неговиот статус на државјанство остана непроменет.
Во 2013 година, Сноуден откри информации за методите на електронско прислушување на американските разузнавачки служби, вклучително и нелегалното прислушување на разговорите на странски лидери.
На 1 август 2014 година, „свиркачот“ доби дозвола да престојува во Русија три години, а потоа му беше одобрен постојан престој во земјата.
На крајот на септември беше издаден указ од рускиот претседател Владимир Путин, според кој Сноуден има право да добие руско државјанство.
Сноуден се соочува со две обвиненија во САД за кршење на Законот за шпионажа. Тој може да добие до 10 години на секое обвинение.
Вашингтон во неколку наврати изјави дека Сноуден е „предавник“ и дека нема да биде помилуван бидејќи нанел огромна штета на националната безбедност на САД.






