Во буџетот треба да се слеат дополнителни 70 милиони евра од новата даночна реформа. Владата денеска ги усвои измените и покрај негодувањето на бизнисмените дека вакви оптоварувања не им требаат во ек на енергетска криза. Се кратат некои даночни ослободувања и олеснувања, се проширува даночната основа, но не се зголемуваат стапките и нема нови даноци. Таканаречените луксузни производи ќе се одданочуваат со стапка од 10 наместо со 5%. Овде се опфаќаат неколку илјади видови на производи. Стапката на ДДВ од 18% на 5% за производи за менструална хигиена.
Меѓу измените петкратно се зголемуваат казните за злоупотреби при плаќање данок на добивка, малите и микро претпријатија д аможат да изберат да плаќаат или данок на добивка или дданок на вкупен приход, се укинуваат даночните ослободувања за менаџерските бенефиции, ќе се даночат и уплатите во доброволниот пензиски фонд од страна на фирмите.
Засега граѓаните и фирмите куртулија од воведувањето прогресија кај персоналецот, па стапката останува 10%. Нема да има ниту данок на каматите на штедните влогови. Од 2024-та, хобнорарците ако сакаат, на доброволна основа можат преку дигитална платформа да си плаќаат здравствено осигурување.
Се разгледува и можноста за огранизирање еднаш до двапати годишно Викенд без ДДВ исклучиво за празници и тоа само за основните прехранбени производи. Допрва ќе има дебата дали да се воведе данок на екстра профити за фирмите кои заработиле над 20% повеќе годишно споредено со профитите од пред 4 години. Надлежните пресметале дека само по овој основ, во државната каса би можеле да се слеат дополнителни 50 милиони евра.





