Вооружените сили на Украина изгубиле меѓу 10.000 и 13.000 луѓе во војната против Русија, изјави Михаило Подољак, советник на претседателот Зеленски.
„Имаме официјални податоци од генералштабот, имаме официјални податоци од високата команда, а тие изнесуваат (меѓу) 10.000 и 12.500 до 13.000 убиени“, изјави Подољак украинскиот ТВ канал „Канал 24“, пренесе Ројтерс.
Минатиот месец, началникот на Здружениот генералштаб на САД, Марк Мили, процени дека руската војска изгубила повеќе од 100.000 свои војници убиени и ранети во Украина, и додаде дека вооружените сили на Киев „веројатно“ претрпеле споредливи загуби.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексиј Арестович, говорејќи во видео интервју во средата, рече дека бројот на загинати во Русија е околу седум пати поголем отколку во Украина.
Во средата настана тензија по изјавата на претседателлката на Европската комисија Урсула Фондер Лајен, дека Украина загубила околу 100 илјади војници.
Но тој дел подоцна беа избришани од соопштението, бидејќи украинските власти најавија дека само тие можат да одлучат кога и како да го објават бројот на загинатите војници, бидејќи станува збор за „чувствителни информации“.
Во преработената изјава на Урсула фон дер Лејен беше појаснето дека таа мислела на бројот на загинати и ранети војници.







