Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, повика за уништување на Русија, нарекувајќи ги разговорите меѓу Москва и Киев „недостојни“.
„Тие само треба да се уништат за да престанат да постојат како држава во границите во кои постојат сега… Тие се само варвари. И кога велите дека треба да седнете на иста маса со овие варвари и да разговарате за нешто, сметам дека е недостојно за нашиот народ“, рече Данилов на Киевскиот безбедносен форум.
Данилов, кој во суштина е втор човек на Советот како заменик на претседателот Володимир Зеленски, претходно изјави дека рускиот јазик треба целосно да исчезне од територијата на Украина и оти наративот за потребата да се дојде до разбирање со Украинците кои зборуваат руски е многу опасен за земјата.
По експлозијата на Кримскиот мост, Данилов објави видео од запалениот мост заедно со црно-бел клип на Мерлин Монро како пее „Среќен роденден, господине претседателе“, алудирајќи на тоа дека Путин наполни 70 години истиот ден.






