Поранешната претседателка на Кривичниот и Врховниот суд, Лидија Неделкова, тогашниот Народен правобраните, Иџет Мемети, како и поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски биле дел од членовите на Комисијата за правосуден испит во 2015 година при Министерството за правда, кога со спорни уверенија од Универзитетот на Југоситочна Европа на студенти им било дозволено да полагаат правосуден испит предвреме.



По барање од „Фокус“ од Министерството за правда, информирале дека тогашниот министер, Аднан Јашари давал „пас“ предвреме да се полага правосуден испит, а членовите на Комисијата пред која полагале кандидатите била избрана на предлог на Министерот.

Лидија Неделкова, Иџет Мемети, Фаик Арслани,
Јово Вангеловски, Николчо Николовски и Александар Алексовски , се вели во одговорот од Министерството за правда.

Антикорупциската комисија утврди дека синот на собранискиот спикер, Талат Џафери како и над 400 студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа добиле спорни уверенија за завршени правни студии, а на синот на Џафери му било дозволено да полага предвреме правосуден испит.