Услов за кандидатурата на Украина за влез во НАТО е да не ја изгуби војната, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во Букурешт по состанокот на Северноатлантскиот совет.



Столтенберг вели дека НАТО не смее да се колеба во својата посветеност кон Украина и „да продолжи да се залага за Украина се додека е потребно. Ние нема да отстапиме“.

„Главниот фокус е да се поддржи Украина и да се обезбеди дека претседателот [Владимир Путин] нема да победи“, рече тој, додавајќи дека Украина би можела да добие прифатливи услови, само ако сака да напредува на бојното поле, пренесоа медиуми.

За пристапниот процес на Финска и Шведска во НАТО, Столтенберг рече дека ратификацијата е речиси завршена и штом приемот на двете скандинавски земји ќе стане факт, ќе ја направи евроатлантската област побезбедна.