Фондацијата Институт Отворено Општество на филантропот Џорџ Сорос ја затвора својата подружница во Скопје – дознава Радио Лидер.



Од централата на Сорос одлучиле проектите во Македонија да бидат опслужувани преку подружницата на фондацијата во Тирана.

Во исто време, извор на Лидер тврди дека нема да бидат продолжени договорите на менаџментот во Скопје и на директорката Фани Каранфилова Пановска.

Фондацијата на Џорџ Сорос, со години инвестираше десетици милиони долари во проекти за развој на цивилното општество во земјава и зајакнување на институционалните капацитети.

Како што дознава Радио Лидер, затворањето на канцеларијата во Скопје нема да значи дека оваа фондација веќе нема да има проекти во Македонија. Проекти ќе има во намален обем и тие ќе одат преку Тирана.