Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Одлуката таа ја соопшти на почетокот на денешната седница која е продолжение на минатонеделната кога имаше бунт од членови на Судскиот совет.
„Јас поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на судски совет”, рече Црвенковска на самиот старт на седницата.
„Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита.
До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството.“, вели Црвенковска.
Според неа, стана жално што наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, „некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“.







